ЕМИНЕНЦИЈА. ДЕФИНИРАНА.

За Нас

Амбиентот

Гордо издигнувајќи се од природата наоколу, Вердисо не брза да се открие себеси. Имотот е во перфектна хармонија со неговото опкружување, нудејќи нежна транзиција од грубоста на клисурата кон својата бујна, живописна надворешност. Како што ја слави земјата, ја слави и светлината.

ГАСТРОНОМИЈА

Уметноста на Готвењето

Нашата кујна не е само список од состојки! Нашето готвење е емотивно – тоа е судир на техники, идеи и култура. Ултра свежи состојки се внимателно избрани за да се постигне совршен вкус што ги задоволува телото и душата.

Нашиот Шеф на кујна ја комбинира својата интуицијата и техничката острина користејќи двојна перспектива, на уметник и готвач. Од избирање состојки до нивно внимателно комбинирање, на секоја фаза од процесот на готвење се посветува истото прецизно внимание и енергија.

“Оние кои знаат како да дегустираат храна на правилен начин, тие ја разбираат уметноста, и токму тие ги дознаваат сите тајни''

Print

ИЛИЈА ЌИМОВ

Услугата

Со слободата да истражуваме, имаме привилегија да учиме. Со тоа што постојано се прашуваме ‘’зошто’’ ни овозможува подобро да го разбереме патот до тоа ‘’како’’. Во Вердисо, преиспитуваме сè – конвенции, минати методологии или тоа како можеме да направиме нештото да биде малку подобро. Кога нашите основачи го создадоа Вердисо, тие сонуваа за уникатен естаблишмент што ќе ги надмине генерациите. Есенцијалниот човечки допир е клучен за оваа визија. Тој ги истакнува карактеристиките на ова место преку рамнотежа на деликатно убедување и нежна воздржаност. Тимот на Вердисо го служи секој гостин со искуство, лојалност и посветеност. Ова место е страста на секој од нас и ни претставува огромно задоволство да ја споделиме таа страст со пријателите ширум светот.

Што Говорат за Нас

Reservation Form

Book A TABLE

Enter your personal  and reservation details and submit the form.
We will notify you within 1 houre  about your reservation.

DD slash MM slash YYYY
Време
:

Форма за Резервација

Резервирајте Маса

Внесете ги Вашите лични податоци и резервацијата и потврдете ја формата.
Ќе Ве известиме во рок од еден час за Вашата резервација.

DD slash MM slash YYYY
Време
: